Корисничко име Лозинка Пријави се
09.12.2016

ФА го суспендираше сопственикот на Лидс

Фудбалската асоцијација на Англија го суспендираше сопственикот на Лидс Масимо Челини на 18 месеци.

Контраверзниот Италијанец е казнет поради кршење на правилата во врска со трансферот на Рос Мекормак во Фулам во јули 2014 година.
Тој ќе мора да плати и казна од 250.000 фунти, а во април 2017 година треба да посетува едукативен програм на ФА.
Првиот човек на Лидс е снимен како на соговорници им предлага опции „да не бидат изложени на никаков ризик“, односно да се „апсолутно заштитени“. Исто така им нудел и 20% удел во клубот за 12 милиони фунти, а за него би одел дел од процентот од идните трансфери на фудбалерите.
Челино зборувал дека фудбалот е „валкан бизнис“, потенцирајќи им на соговорниците да „не се играат со него, затоа што тој е Италијанец, а не Англичанец“, а точка на својата бизнис кариера во Англија стави со забелешката дека англиската култура е “најлоша на светот, специјализирана да ги ’врти луѓето, а Англичаните се најлошите луѓе во светот на фудбалот“.

Најнови вести