Корисничко име Лозинка Пријави се
30.1.2018

Пеп повторно соборува рекорди – 525 милиони евра за две години

Пред неколку дена Пеп Гвардиола изјави дека Манчестер сити нема пари за тим кој би требало да ги освои сите четири трофеи, но изгледа дека сепак има.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Сити се согласил да му ја плати на Атлетик Билбало откупната клаузула за стоперот Ајмерик Лапорт во износ од 65 милиони евра.
Со тоа „граѓаните“ повторно ќе го соборат клупскиот рекорд бидејќи Лапорт ќе стане нов најскап дефанзивен играч во историјата на Сити, пред Бенџамин Менди и Џон Стоунс.
Медиумите во Шпанија и на Островот наведуваат дека Сити денес ќе го претстави Лапорт, кој е репрезентативец на младата селекција на Франција.
„Атлетик му се заблагодарува на играчот за сè што направи за клубот во текот на престојот“, соопшти клубот од Билбао.
Сити оваа сезона потроши 312 милиони евра на засилување, а вкупно 525 милиони откако во февруари 2016 година на клупата седна Пеп Гвардиола.

Најнови вести