Корисничко име Лозинка Пријави се
14.4.2018

Беризо брзо најде работа – од летово во Билбао

Едуардо Беризо, неодамнешниот тренер на Севилја, од летово ќе го преземе Атлетик Билбао, со кого во текот на вчерашниот ден договорил соработка.

Аргентинецот на клупата на Баскијците ќе го замени Хозе Анхел Зиганда, кој по исклучително лошите резултати оваа сезона, доби отказ.
На седум кола пред крајот на Ла Лига, Билбао се наоѓа дури на 12-тото место со 39 бода, што е значително над очекувањата на челниците на клубот од Баскија, па уште пред да заврши сезоната, тие пронајдоа тренер за во иднина.
На Беризо ова ќе му биде трет клуб во Шпанија, откако пред Севилја, во која беше сменет во ноември минатата година, три години работеше во Селта.
Кариерата ја почна во аргентинскиот Естудијантес, а потоа го водеше чилеанскиот О’Хигинс.

Најнови вести