Корисничко име Лозинка Пријави се
25.1.2018

Лапорт ќе стане најскап играч на „граѓаните“

Манчестер сити има намера да го реализира трансферот на Ајмерик Лапорт, дефанзивниот играч на Атлетик Билбао, до крајот на преодниот рок и да го направи најскап играч во клупската историјата.

Младиот Французин е голема желба на менаџерот Пеп Гвардиола, кој за него е подготвен да плати 57 милиони фунти. Лапорт со тоа на врвот на најскапите аквизации на „граѓаните“ ќе го замени Кевин де Бројне, кој во 2015 година беше доведен за два милиони помалку.
На тој начин би се продолжило и со големите вложувања во задната линија на тимот, бидејќи тројца од петте најскапи играчи на клубот од „Етихад“ се дефанзивни фудбалери. Бенџамин Менди дојде за 52 милиона, Џон Стоунс за 47,5, а Кајл Волкер за 45.
Лапорт за Билбао дебитираше во 2012 година на шеснаесетгодишна возраст, а досега одигра 222 натпревари за тој клуб. Има добивано понуди од Франција и Шпанија да игра за нивните репрезентации, но сè уште нема забележано ниеден настап за сениорскиот тим, поради што сè уште е отворено прашањето за која селекција ќе се одлучи.

Најнови вести