Корисничко име Лозинка Пријави се
01.3.2018

Тотенхем го преживеа ВАР – Љоренте постигна хет-трик за 6-1 и за четврт-финале

Фудбалерите на Тотенхем се пласираа во четврт-финалето на ФА купот со победата над Рочдејл со 6-1 во повторениот натпревар на најбројното фудбалско натпреварување во Англија.

По 2-2 во гости, „сините“ беа поубедливи на домашен терен, и покрај тоа што имаше многу проблематични одлуки на судијата Пол Тирни.
Тотенхем до предност дојде во шестата минути со голот на Ерик Ламела, но видеотехнологијата ВАР реагираше и погодокот беше поништен, иако ситуацијата во најмала рака е сомнителна.
Неколку минути подоцна, Сон погоди за 1-0, а во 28-мата минута не го погоди пеналот кој прво го постигна. Застана и многумина играчи влегоа во казнениот простор, па беше непрецизен кај вториот обид.
Казната за сето ова дојде само четири минути подоцна, кога Хамфирс погоди за изедначување.
Второто полувреме почна по многу лошо време во Лондон, а Фернандо Љоренте на најдобар начин му се заблагодари на менаџерот Маурисио Покетини што му даде шанса. Од 47-мата до 59-тата минута постигна хет-трик и го реши прашањето на победникот.
Малку подоцна, Сон со неговиот втор погодок зголеми на 5-1, а конечниот резултат буквално во последниот напад го постави резервниот играч Вокер-Питерс.
Тотенхем во борбата за полуфиналето ќе се сретне со Свонси.

Најнови вести