Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2018

Нема лимит – Кепа го урива рекордот на Алисон, за 80 милиони евра се сели во Челзи

Еден од најталентираните голмани на планетата, Кепа Аризабалага ќе го брани голот на Челзи, а трансферот од Атлетик Билбао во редовите на тимот од Лондон ќе чини 80 милиони евра

Кепа сигурно заминува во Челзи, откако Роман Абрамович прифати да плати отштета од цели 80 милиони евра, што ќе биде нов рекорд за ангажман на голман.
Летово преселбата на Бразилецот Алисон од Рома во Ливерпул чинеше околу 65 милиони евра, што беше рекорден трансфер, но сега и тој ќе биде урнат. Кепа е репрезентативец на Шпанија, а бранеше и за младата селекција на „црвената фурија“ на ЕП во Полска, лани. Во групата со Шпанија тогаш беше и македонската млада селекција за играчи до 21 година.

 

Најнови вести