Корисничко име Лозинка Пријави се
31.5.2018

Торес во Јапонија – новата дестинација е Саган Тосу

Фернандо Торес, досегашниот напаѓач на Атлетико Мадрид, кариерата ќе ја продолжи во јапонскиот Саган Тосу, со кого ќе потпише двегодишен договор.

Таа информација е објавена на официјалната интернет-страница на јапонската лига, под ознаката „ексклузивно“, но многу брзо е отстранета. Во меѓувреме ја забележаа повеќе светски медиуми и ја пренесоа, а наскоро би требало да стигне и официјална потврда.
Наводно, 34-годишниот напаѓач ќе заработува 80 илјади евра седмично.
На тој начин, поранешниот шпански репрезентативец ќе тргне по сличен пат како Андрес Иниеста, легендата на Барселона. Искусниот играч за врска неодамна потпиша договор со Висел Кобе.
Саган Тосу засега нема добра сезона во Лигата Ј. По 15 одиграни кола, се наоѓа на претпоследното, 17-то место, со 13 бода. Од познатите играчи, во тој тим настапува Колумбиецот Виктор Ибарбо, поранешниот напаѓач на Калјари, Рома и Ватфорд. Тимот од клупата го предводи Италијанецот Масимо Фикаденти.
Торес по завршувањето на сезоната во Пример лигата, по втор пат го напушти Атлетико. Со „јорганџиите“, во коишто израсна, неодамна ја освои Лигата на Европа.

Најнови вести