Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2018

Голеада на „Камп Ноу“: Дури 10 погодоци за убедлива победа на Барса

Каталонскиот гигант со 8:2 ја победи Уеска и сега е лидер во Примера

Барселона немаше милост во дуелот против Уеска и победи убедливо со 8:2 во меч од третото коло на Примера дивисион. Каталонскиот гигант со оваа убедлива победа се искачи на врвот на табелата, со гол разлика од 12:2, додека Реал е втор со гол разлика од 10:2. Ниту еден друг тим во првенството нема 100 остотен учинок. 
Голеадата на „Камп Ноу“ ја започнаа гостите, кои поведоа по само три минути игра. Тој погодок ги налути домаќините, па Меси и Суарез погодија, а автогол си даде и Пулидо за 3:1 за фаворитот. Гаљар намали на 3:2 во 42 минута, но тоа беше се што направија гостите. 
Во второто полувреме Барселона „пукна петарда“. Меси и Суарез повторно погодија, а прецизни беа и Дембеле, Ракитиќ и Алба, за на крајот каталонците да слават со убедливи 8:2.
Интересно е тоа што Барселона последен пат дала осум гола на својот стадион пред речиси четири години, а противникот беше ист, Уеска. Тоа беше меч од Купот на Шпанија, а каталонците победија со 8:1. Овојпат гостите беа малку подобри и дадоа еден гол повеќе. 

 

Најнови вести