Корисничко име Лозинка Пријави се
15.12.2011

Манцано не се плаши за својата иднина

Грегорио Манцано, тренерот на Атлетико Мадрид, не е уплашен за својата иднина во тој клуб.

Манцано изјави дека воопшто не трошел енергија на размислувања за својата иднина. Тој се најде на удар на јавноста по поразот од третолигашот Албасете во шпанскиот Кралски куп, но клубот успеа да избори пласман во нокаут-фазата од Лигата на Европа.
Во моментов „јорганџиите“ се наоѓаат на десеттото место на табелата во шпанската Примера лига со десет бода заостанување зад градскиот ривал Реал Мадрид.

Најнови вести