Корисничко име Лозинка Пријави се
20.6.2018

Шкупи го доби Глазгов ренџерс во Лигата на Европа

Во првото коло од квалификациите за фудбалската Лига на Европа, Вардар ќе игра против Пјуник од Ерменија, Работнички против Хонвед од Унгарија, а Шкупи ќе се сретне со шкотскиот Глазгов ренџерс.

Ждрепката за двојките се одржа денес, во седиштето на Европската фудбалска унија во Нион. Шкупи во првото коло од квалификациите за Лигата на Европа ќе гостува кај Глазгов ренџерс, чиј менаџер е Стивен Џерард, поранешниот репрезентативец на Англија.
Ако Шкупи направи вистинска сензација и го елиминира шкотскиот гигант, во следната рунда ќе има многу „полесен“ ривал и ќе се соочи со победникот од Петрокуб (Молдавија) и Осиек (Хрватска).
Вардар кој добро помина во ждрепката, ако го мине ерменскиот Пјуник, ќе игра против победникот од Самтредиа (Грузија) и Тобол Костанај (Казахстан).
Доколку Работнички слави во дуелите со Хонвед, ќе се соочи со подобриот од двобојот меѓу Прогрес Нидеркорн (Луксембург) и Габала (Азербејџан).
Првите натпревари ќе се играат на 12-ти јули, реваншите се закажани за 19-ти јули, додека УЕФА дополнително ќе ги објави термините за нашите претставници.

Најнови вести