Корисничко име Лозинка Пријави се
05.5.2018

Официјално: Џерард менаџер на Ренџерс до 2020 година

Стивен Џерард од вчера официјално е нов менаџер на Глазгов ренџерс.

Славниот фудбалер потпишал договор со шкотскиот клуб до 2020 година.
„Чест ми е што ќе бидам наредниот менаџер на Ренџерс. Имам исклучителна почит кон клубот и кон неговата традиција. Едвај чекам да ја почнам авантурата во овој клуб, во кого сакаме да ја продолжиме низата на големи успеси“, изјави некогашниот играч на Ливерпул, кому ова ќе му биде прва тренерска работа во кариерата.
Џерард претходно работеше во младинските селекции на Ливерпул, но сега го очекува значително посериозна работа во шкотскиот гигант, зад кого е најтешкиот период во историјата, откако беше исфрлен во четвртата лига поради финансиски проблеми.
Интересно е тоа што во Олд Фирм ќе го гледаме дуелот на Џерард со неговиот некогашен тренер, бидејќи на клупата на Селтик се наоѓа Брендан Роџерс.

Најнови вести