Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2017

Мегатрејд: Кајри Ирвинг ќе игра во Бостон, а Ајзеа во Кливленд

Кајри Ирвинг од Кливленд кавалирс е заменет во Бостон селтикс за Ајзеја Томас, Џеј Краудер, Анте Жижиќ и пик од првата рунда на драфтот 2018 година.

Ова лето имаше голем број трејдови, но ноќеска можеби се реализира најголемиот. Кајри Ирвинг од Кливленд е заменет во Бостон за Ајзеја Томас, Џеј Краудер, Анте Жижиќ и пик од првата рунда на драфтот 2018 година.
„Овој ден за нас е вистински емотивен ролекостер“, изјави Дени Ејнџ, спортскиот директор на Бостон.
„Не беше лесно да се разделиме од Ајзеја, Џеј и Анте, посебно од првите двајца кои беа битен дел и лидери на овој тим и успехот што го направивме. Истовремено сме возбудени бидејќи донесовме еден од најдобрите офанзивни играчи во Лигата", додаде спортскиот директор на Бостон.
„Се согласувам со тоа дека цената на Ирвинг е висока. Но за да се донесе 25-годишен олстар-играч, кој според неговите години и развојот во кариерата точно се вклопува во нашиот развоен проект, момче кое е фантастичен офанзивен играч , еден од најдобрите во Лигата... За таквите морате да платите многу“, изјави Ејнџ.
Кајри Ирвинг има договор на три години вреден 60 милиони долари, но има право и да се откаже од него во летото 2019. Од друга страна, договорот на Ајзеја Томас му истекува следното лето, а тој е познат и по тоа дека постојано вели дека заслужува максимален договор.
Бостон селтикс и Кливленд кавалирс ќе се сретнат на отворањето на новата сезона, на 17-ти октомври во Кливленд. Тоа ќе биде спектакл, односно веднаш средба Кајри против Леброн.

Најнови вести