Корисничко име Лозинка Пријави се
09.2.2018

Од Кливленд кавалирс си заминаа Вејд, Роуз, Краудер, Шамперт

На помалку од еден час пред крајот на преодниот рок, промените во Кливленд кавалирс станаа тектонски!

Кавалирс по трејдот со Лос Анџелес лејкерс, каде што ги испратија Ајзеа Томас и Ченинг Фрај во замена за Џордан Кларксон, односно Лери Ненс, одлучиле да ги трејдуваат и Двејн Вејд, Дерик Роуз, Џеј Краудер и Иман Шамперт.
Во целата работа беа вклучени уште три тима, па во Охајо отидоа Родни Худ од Јута и Џорџ Хил од Сакраменто кингс, „џезерите“ ги добија Краудер и Роуз, додека во Сакраменто стигнаа Иман Шамперт, крилото на Кавалирс, и Џо Џонсон, ветеранот на Јута.
Леброн Џејмс уште еднаш се раздели од еден од најдобрите пријатели, Двејн Вејд, кој по година и пол се врати во Мајами хит, во замена со заштитениот пик на втората рунда на тимот од Флорида, а Кливленд, истовремено, ги испрати и правата на пикот на втората рунда 2020 година во Сакраменто со три милиони долари.
Изгледа дека Кливленд се поздрави од титулата оваа сезона, но и дека почна да се подготвува за сè пореално, повторно заминување на „Кралот“.

Најнови вести