Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
18.5.2017

Брејк на Кливленд во Бостон за 1-0 во финалето на Истокот

Кошаркарите на Кливленд кавалирс дојдоа до брејк во Бостон со 117:104 и поведоа со 1-0 во финалната серија на Источната конференција во НБА-лигата.

Триумфот на Кливленд во ниту еден момент не беше доведен во прашање, двоцифрена предност стекна уште во првата четвртина, а најефикасен на натпреварот беше Леброн Џејмс со 38 поени и девет скокови.
Кај актуелниот шампион одличен беше и Кевин Лав со 32, Тристан Томпсон додаде 20, а по еден повеќе на другата страна дадоа Ејвери Бредли и Џае Краудер.
Вториот натпревар меѓу двата тима ќе се игра ноќта меѓу петок и сабота, исто така во Бостон.

Најнови вести