Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
28.4.2018

Леброн Џејмс: Можеби седмиот ќе ми биде последен за Кливленд? Не!

Леброн Џејмс, најдобриот кошаркар на Кливленд, изјави дека не размислува за тоа дали седмиот натпревар од плејофот со Индијана во Охајо ќе му биде последен за Кавалирс, во случај на пораз.

Индијана пејсерс славеше во шестиот натпревар со убедлив резултат и израмни на 3-3, па одлуката за полуфиналистите на Истокот ќе падне во утре, во Охајо.
Тоа беше повод новинарите да го прашаат Џејмс дали размислувал за тоа дека тој би можело да му биде последниот натпревар за Кавалирс, доколку се случи неговиот тим да изгуби или да испадне на стартот на плејофот.
„Не. Повеќе размислувам за тоа ако не одиграме добро, тоа може да биде последниот натпревар во сезоната за мене. Не размислувам дали би бил и последен за Кливленд“ изјави Џејмс.
Кливленд во Индијанаполис не личеше на екипа која може да ѝ парира на Индијана, но Леброн знае што е неопходно да направи неговиот тим за да дојде до победа во одлучувачкиот натпревар.
„Мораме да ја поправиме одбраната, подобро да го браниме шутот за три поени. Не можете да победите на натпреварот, ако на противникот му дозволите да шутира така за три поени (Индијана во шестиот натпревар погоди 15 од 30 за три). Исто така, изгубените топки нè убија. Примивме речиси 30 поени по грешки, им дозволивме да ја развијат играта во транзиција. Бевме лоши и мораме тоа да го расчистиме. Тој натпревар ќе биде победи или оди дома“, изјави 33-годишниот кошаркар.
Седмиот натпревар меѓу Кливленд и Индијана се игра утре, од 22 часот. Победникот во полуфиналето ќе се сретне со Торонто репортс, кој беше подобар од Вашингтон визардс.

Најнови вести