Корисничко име Лозинка Пријави се
01.6.2018

Бадијала 51 поен на Леброн, шампионот поведе со 1-0

Голден стејт вориорс поведоа со 1-0 во финалната серија на НБА-лигата против Кливленд кавалирс славејќи во првиот дуел пред своите навивачи со резултат 124:114.

Во суперинтересниот дуел, еден од најдобрите кои овие два тима ги одиграле во финалињата од 2015 година, игран во продолженија, домаќинот успеа да дојде до триумф и до прва победа во овогодишната борба за шампионскиот прстен.
Кавалирс сигурно ќе жалат поради пропуштените шанси во последните секунди од регуларниот тек, кога Џорџ Хил имаше шанса од слободни удари да му донесе победа на својот тим, но го погоди само првиот.
Во продолжението, Џеј Ар Смит направи незапаметена глупост и по фатената топка, тргна да бега од кошот, веројатно заборавајќи дека резултатот е нерешен.
Леброн Џејмс постави личен рекорд на дуелите од плејофот со 51 постигнат поен, осум скокови и исто толку асистенции. Кевин Лав за Кавалирс постигна 21 поен и имаше 14 фатени топки.
Во победничката екипа, најефикасен беше Стефан Кари со 29 поени, Кевин Дурант имаше26, Клеј Томпсон 24, Дрејмонд Грин погоди две клучни тројки на натпреварот и оствари учинок од 13 поени, 11 скокови, девет асистенции и пет украдени топки.

Најнови вести