Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
24.1.2018

Џејмс најмлад член на клубот со 30.000 поени

Се чекаше на моментот кога Леброн Џејмс ќе стигне до бројката од 30.000 поени во кариерата, а тоа се случи на гостувањето на Кливленд кавалирс кај Сан Антонио спарс. Но, тимот од Тексас ја расипа прославата на Џејмс бидејќи го совлада Кливленд со 114-102.

Џејмс ја пропушти шансата да испише историја во натпреварот со Оклахома, којшто Кливленд убедливо го изгуби, но тоа го направи на наредниот натпревар.
Леброн Џејмс е најмлад играч кој стигнал до 30.000 поени, вкупно седми по ред.
Членови на елитниот клуб се и Вилт Чемберлен, Коби Брајант, Карим Абдул-Џабар...
Неколку часа пред натпреварот, Леброн Џејмс во оригинален пост на „Инстаграм“ однапред си честиташе себеси за ова достигнување.
Џејмс на крајот сепак не се радуваше, а најзаслужни за тоа беа Лемаркус Олдриџ со 30 поени и осум скокови, Дејунте Мареј со 19 поени и десет фатени топки, но и Тони Паркер, долгогодишниот ривал на Леброн, кој имаше 14 поени и шест асистенции.
Леброн на крајот имаше 28 поени, девет скокови и седум асистенции. Оклахома го доби Бруклин со 108:108 со 32 поени, пет скока и шест асистенции на Расел Вестбрук, односно 28 поени и девет скока на Пол Џорџ.
Шампионот Голден стејт со подобрата игра во второто полувреме го совлада Њујорк никс, а најкорисни играчи беа Стефан Кари со 32 поени и дури осум тројки и Кевин Дурант со 14 поени и исто толку скокови.
Во дуелот меѓу двете најтрофејни франшизи на НБА, Лос Анџелес лејкерс го совлада Бостон во „Стејпс сцентарот“ со 108:107, а најдобри за Лејкерс беа Кајл Кузма со 28 постигнати поени, Џордан Кларксон со 22 и Џулиус Рендл со 14 поени и 14 скока.
Кајл Ирвинг за Бостон постигна 33 поени.

Најнови вести