Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
10.5.2018

Бостон во финалето на Истокот со Кливленд

Бостон селтикс со 4-1 во серија ја елиминираа Филаделфија и се пласираа во финалето на Источната конференција, каде што втора година по ред ќе играат со Кливленд.

Бостон на домашен терен славеше со 114:112.
Во уште еден фантастичен натпревар на оваа серија, која го оживеа старото ривалство на овие два тима, Бостон имаше плус девет на полувремето, Филаделфија севентисиксерс во третата четвртина успеа да го стигне ривалот, со серијата 11-3 намали на 78:74.
На крајот на четвртината, Џеј Џеј Редик ги донесе гостите само на минус еден пред последните 12 минути.
Дарио Шариќ одлично играше во одлучувачките моменти и со неговата тројка на малку повеќе од две минути до крајот, Филаделфија успеа да поведе со 103:102.
Во возбудливата завршница, Џејсон Тејтум им донесе предност на Селтикс со 111-109, а Ембид во наредниот напад не погоди за изненадување.
Розир ладнокрвно од линијата за слободни фрлања погоди за 113:109, но Редик со брзата тројка намали само на минус еден.
Смарт беше фаулиран, погоди при второто фрлање, а потоа им пресече долг пас на гостите во последната секунда и дефинитивно го одведе својот тим во новото финале на Истокот.
Џејсон Тејтум беше најдобар кај победникот со 25 поени, Џејлен Браун постигна 24, Тери Розир 17, Ал Хрфорд 15 поени.
На Филаделфија не ѝ помогнаа ниту 27-те поени и десетте скокови на Дарио Шариќ, 27-те поени и 12-те фатени топки на Ембид, како ниту Бенс Симонс, кој имаше 18 поени, осум скока и шест асистенции.
Серијата меѓу Бостон и Кливленд почнува во недела.

Најнови вести