Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
22.5.2017

Бостон се врати од минус 21 и го победи Кливленд

Бостон селтикс приреди големо изненадување на гостувањето во Кливленд со победата од 108:111, а со тоа му го нанесе првиот пораз на актуелниот шампион во плејофот оваа сезона.

Кливленд кавалирс убедливо славеше на двата натпревари во Бостон, но Селтикс, и покрај тоа што беа без Ајзеа Томас, уште еднаш покажаа одличен карактер и внесоа неизвесност во оваа серија.
Домашната екипа доминираше речиси во текот на целиот натпревар, во еден момент во третата четвртина Кливленд дури имаше и разлика од 21 поен (77:56), но потоа Бостон почна да постигнува кошеви и со тројката на Ејвери на 0,1 секунда пред крајот на средбата направи сензационална победа.
Најефикасен играч на натпреварот за екипата на Бостон беше Маркус Смарт со погодени седум тројки за вкупно 27 поени, Ејвери постигна 20, додека најкорисни во тимот на Кливленд беа Ирвинг со 29 и Лав со 28 поени. Леброн Џејмс одигра еден од неговите најслаби натпревари постигнувајќи само 11 поени и имаше шест загубени топки.

Најнови вести