Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
13.6.2017

Дурант и Кари го одведоа Голден стејт до титулата на НБА

Кошаркарите на Голден стејт вориорс ја освоија титулата во НБА-лигата откако ноќеска го победија Кливленд со 129:120 и триумфираа со 4-1 во финалната серија.

Вориорс до втората титула во три години ги предводеа одличните Стефан Кари и Кевин Дурант, кој е прогласен за најкорисен играч на финалето.
Дурант постигна 39 поени, седум скокови и пет асистенции, додека Кари додаде 34. Одличен беше и Андре Игудала со 20.
На Кливленд кавалирс на гостувањето во Оукленд не му беше доволен новиот спектакуларен натпревар на Леброн Џејмс, кој имаше поддршка од Кајри Ирвинг и Џеј Ар Смит, да ја продолжи серијата.
Џејмс постигна 41 поен и имаше 13 скокови и осум асистенции,со добар процент на удари, додека Ирвинг постигна 26, а Смит 25 поени.
Голден стејт петти пат во историјата стана шампион на НБА-лигата.

Најнови вести