Корисничко име Лозинка Пријави се
05.6.2017

Голден стејт лесно до 2-0 во финалето против Кливленд

Кошаркарите на Голден стејт вориорс го совладаа Кливленд кавалирс со резултат 132:113 во вториот натпревар од финалната серија на НБА-лигата и сега во вкупниот скор водат со 2-0.

Во првиот натпревар од финалната серија Голден стејт славеше убедливо со 113:91, а за нова победа играше и во неговата „Оракл арена“ во Оукенд.
Вориорс и успеаја во тоа по одличниот натпревар и високиот ритам што го прикажаа двете екипи. Иако актуелниот шампион подобро ја почна средбата, Голден стејт на средината на првата четвртина направи пресврт и водството го чуваше сигурно до крајот на натпреварот. Кавалирс во неколку наврати се обидуваа да се вратат и се доближуваа до еден кош помалку, но тогаш Вориорс се засилуваа и на крајот убедливо славеа.
Најефикасен во тимот на Голден стејт беше Кевин Дурант со 33 поени (13-22 од игра, 4-8 за три), 13 скокови, шест асистенции, три украдени топки и пет блокади. Стефан Кари постигна половина кош помалку (32) во неговиот прв трипл-дабл во кариерата во финалето и плејофот воопшто. Тој фати и десет топки и имаше 11 асистенции, 7-17 шута од игра, 1-11 за три и одлични 14-14 од пенали.
Двајцата играчи на Голден стејт ги следеа Клеј Томпсон со 22 поени и седум скокови, Дрејмонд Грин со 12 поени, шест скокови и пет асистенции, додека по десет поени постигнаа Шон Ливингстон и Иан Кларк.
Вориорс, исто така, нанижаа 14 последователни победи на плејофот, што е рекорд на НБА-лигата, а ова е и прв натпревар на финалната серија во историјата играчите на противничкиот тим да остварат по трипл-дабл (Кари, Џејмс).
Во поразениот тим на Кливленд, Леброн Џејмс постигна 29 поени (шут од игра 12-18, 1-3 за три), имаше 11 скокови и 14 асистенции, што е негов осми трипл-дабл во финалињата, со што на вечната листа се изедначи со Меџик Џонсон на првото место.
Кевин Лав постигна 27 поени и седум скокови, додека подоцна се разбуди и Кајл Ирвинг, но сепак имаше 19 поени и седум асистенции. Останатите играчи на Кавалирс во постигнувањето кошеви заостануваа многу и никој веќе немаше двоцифрен учинок.
На клупата на Вориорс по боледувањето уште од првата рунда на плејофот, се врати и првиот тренер Стив Кер, кого во меѓувреме го менуваше Мајк Браун. Кер отсуствуваше поради здравствени проблеми со грбот, кои беа последица од операцијата пред две години, но кога се врати забележа важна победа пред продолжението на плејофот.
Наредниот натпревар на финалната серија се игра во Кливленд, ноќта меѓу среда и четврток.

Најнови вести