Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
08.6.2017

Дурант им пресуди на Леброн и на Кајри

Голден стејт вориорс го нокаутираа Кливленд кавалирс во финишот на третиот натпревар од големото финале на НБА-лигата со 119:113.

Најзаслужен за победата беше Кевин Дурант, но и очајниот напад на Кавалирс, кои во последните три минути не постигнаа ниту поен, па Голден стејт направи серија 11:0 за пресврт на резултатот во негова корист.
Вориорс водат со 3-0 во серијата. Во првите два натпревари беа поубедливи, а третиот  беше најнеизвесен досега. Кавалирс мора да направат уште поголемо чудо од минатата година.
Кливленд е во уште потешка ситуација отколку по трите натпревари во финалето во 2016 година. По двата претрпени порази, Кавалирс во третиот минатогодишен натпревар успеаја да го прегазат противникот со 120:90. Овој пат беа блиску до победа до три минути пред крајот, а потоа играчите од Охајо едноставно ги снема од теренот.
Најефикасен кај победникот повторно беше Кевин Дурант (31 поен, осум скока, четири асистенции), кој ги постигна и најважните поени во последната четвртина, кога Голден стејт правеше пресврт на резултатот. Одличен беше и Клеј Томпсон, кој по првите две слаби изданија, заблеска со 30 поени шест скока и две асистенции. Интересно е тоа што Стефан Кари со 26 поени, 13 скокови и шест асистенции уште еднаш имаше двоцифрен број на фатени топки.
Вонсериските изданија на Леброн Џејмс (39 поени, 11 скокови, девет асистенции) и на Кајри Ирвинг (38 поени, шест скока, три асистенции) не му помогнаа на Кливленд да победи. Потфрли Кевин Лав со девет поени, а Џеј Ар Смит постигна 16.

Најнови вести