Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
19.2.2018

Реал стравува по повредата на Марсело

Левиот бек на актуелниот шампион на Европа го напушти натпреварот со Бетис само по половина час игра, а во Реал се плашат дека од лекарите ќе добијат лоши вести за здравствената состојба на Бразилецот.

На „Сантијаго Бернабеу“ со нетрпение го исчекуваат извештајот на лекарите за повредата на Марсело. Бразилецот на натпреварот со Бетис го повреди задниот дел на бутниот мускул и во 30-тата минута го замени Тео Ернандес.
„Мораме да почекаме, па ќе видиме што ќе кажат докторите. Мораше да го напушти теренот и тоа не се добри вести. За 48 часа точно ќе знаеме каква е ситуацијата“, изјави Емилио Бутрагељо, директорот на Реал, додека тренерот Зинедин Зидан, исто така, се надева дека повредата не е сериозна.
„Се надеваме дека не е ништо страшно. Тој изјави дека не чувствува дека е голем проблемот, но ќе видиме наредните денови“, изјави Зидан.
Марсело и против ПСЖ имаше повреда, кога на почетокот на натпреварот по дуелот со Дани Алвес, ја повреди раката. Но тогаш продолжи да игра, па постигна и гол за конечен резултат во дуелот од 3-1.

Најнови вести