Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2018

Меч на денот: И Леванте и Бетис се борат против традицијата

Леванте седум години не дал гол на стадионот „Бенито Вилјамарин“, а Бетис 22 години не славел дома во прво коло

Новата сезона во шпанската Примера ја отвораат Хирона и новакот Валјадолид, но нашиот избор за натпревар на денот е оној што почнува во 22.15 часот, а тоа е дуелот меѓу Бетис и Леванте. Член на Леванте е македонскиот репрезентативец Енис Барди и во клубот од него очекуваат уште подобри игри и голови од слободни удари, па затоа вечерва тој ќе биде стартер. 
Тимот на тренерот Кике Сетиен има големи амбиции, а против Леванте и тие треба да играат против една традиција. Бетис не победил дома во прво коло во шпанската лига дури од 1996 година наваму. Во овие 22 години, Бетис во 17 беше прволигаш, а кога почнуваше дома, освои по еден бод само во 2008 и 2015.  
Но, една друга традиција е на страната на Бетис. Леванте седум години нема постигнато гол на гостување на „Бенито Вилјамарин“ и загуби на последните четири посети таму. Во минатата сезона, Бетис дома славеше со 4-0, а на гости со 2-0, па Барди и другарите ќе се обидат да го разбијат малерот. 
Бетис сериозно се подготвуваше за почетокот на сезоната во Примера, има четири победи по ред во пријателските мечеви (со Борнмут, Кардиф, Фрозиноне и Лас Палмас). Леванте ги совлада Албасете и Сарагоса, но на пенали, откако по 90 минути беше „икс“.
Леванте има и кадровски проблеми, нема да играат Садику и Кабако, а неизвесни се Боатенг, Иван Лопез, Савељиќ и Симон. Кај Бетис, можеби нема да играат Хави Гарсија, Хоакин и Телјо, кои имаат повреди. 
Во нашата понуда, „единицата“ е со коефициент 1.75. За нерешено, коефициентот е 3.70, а погодена победа на Леванте се наградува со коефициент 4.80. 

 

Најнови вести