Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2018

Леванте во два различни дена даваше голови

Првите два гола против Бетис паднаа во петок, третиот во сабота

Тимот на Леванте, кој предводен од феноменалниот Хозе Моралес, со победа од 3:0 на гостувањето во Севилја кај Бетис ја отвори сезоната во шпанската Примера, направи уште еден куриозитет кој ретко се гледа. Првиот и вториот гол беа постигнати на 17-ти, а третиот гол на 18-ти август. 
Моралес, чиј прв гол, а втор за Леванте синоќа беше спектакуларен, ја најави победата на тимот од околината на Валенсија, а последниот, кој го даде во 95 минута, беше реализиран после полноќ, на 18 август. Средбата Бетис – Леванте почна во 22.15 часот во петок, и заврши неколку минути после полноќ, практично во сабота, и така му овозможи на Моралес да испише историја. 
Сите 90 минути за Леванте ги одигра Енис Барди, но македонскиот репрезентативец немаше гол или асистенција. Сепак, Леванте кој лани беше единствен во лигата што ја совлада Барселона, најавува дека може да биде едно од пријатните изненадувања во оваа сезона. 

 

Најнови вести