Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
14.5.2018

Два гола на Барди за крај на серијата без пораз на Барселона

Леванте со 5-4 ја победи Барселона и со тоа ѝ го нанесе првиот пораз оваа сезона во Премиер лигата, а двата гола ги постигна македонскиот фудбалер Енис Барди.

На едно коло пред крајот на сезоната во Ла Лига, Барселона го доживеа првиот пораз сезонава, и тоа на гостувањето кај Леванте.
На натпреварот одличен беше македонскиот фудбалер Енис Барди, кој даде два прекрасни гола. Првиот го постигна во 46-тата минута од средбата, а вториот само по десет минути, и тоа со лева нога. Барди оваа сезона постигна вкупно девет гола во дресот на Леванте.
На натпреварот за Леванте хет-трик постигна Боатенг, додека за каталонската екипа тоа го направи Кутињо, а Суерес реализираше пенал.
Леванте поведе со 5-1, а Барселона се избори да дојде до 5-4, но не успеа да остане непоразена.

Најнови вести