Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2018

Леванте сака да го задржи македонскиот „снајпер“: Барди добива поголема плата и откупна клаузула од 50 милиони евра

Македонскиот репрезентативец во најскоро време треба да потпише нов договор со шпанскиот прволигаш

Раководството на Леванте подготвува нов договор за нашиот репрезентативец Енис Барди, со цел да го оттргнат интересот од неколку екипи од Турција, Италија и Германија. Најважното е дека Барди сега ќе вреди двојно повеќе, засега неговата клаузула е 25 милиони евра, а со новиот договор ќе изнесува 50 милиони евра.

Ќе добие и заслужено покачување на платата. Барди моментално е еден од најслабо платените фубдалери во тимот, со годишна заработка од околу 500,000 евра, но, играчот за врска лани ги убеди сите дека вреди многу повеќе. Моменталниот договор му завршува во 2020 година, но, Барди има опција да го продолжи на две дополнителни години.

Подготвувањето на нов договор значи дека Македонецот ќе добие уште поголема улога во составот за новата сезона, што значи поголема минутажа и повеќе прекрасни погодоци од слободен удар. Откако пристигна од тимот на Ујпешт за сума од 1,5 милион евра, Барди се истакна како еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во Ла Лига, додека севкупно постигна девет погодоци и една асистенција на 26 меча во шпанскиот шампионат.

Најнови вести