Корисничко име Лозинка Пријави се
08.5.2018

Барди во историјата на Примера лигата, постигна погодок и против Леганес

Енис Барди, најдобриот македонски фудбалер и играч на Леванте, постигна ново ремек дело.

По двата гола во натпреварот против Атлетик Билбао, репрезентативецот на Македонија постигна погодок на гостувањето кај Леганес, каде што Леванте победи со 3-0 во последниот натпревар од 36-тото коло на шпанската Ла Лига.
Барди беше во стартната постава на клубот од предградието на Валенсија, а мрежата на домашната екипа ја затресе во 59-тата минута за водство на Леванте со 2-0. Првиот погодок за гостинската екипа го постигна Моралес во 55-тата минута, а крајниот резултат го постави Коке во 77-мата минута.
За македонскиот репрезентативец тоа беше седми погодок откако дебитираше во Примера лигата.  Претходно два постигна на „Сан Мамеш“ против Атлетик Билбао и по еден во натпреварите со Еибар, со Реал Сосиедад, со Валенсија и со Депортиво Ла Коруња.

Најнови вести