Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2018

Најдобриот албански фудбалер ги скина лигаментите

На соиграчот на Енис Барди, му претстои пауза од најмалку шест месеци

Албанскиот фудбалер, Армандо Садику, се здоби со тешка повреда на коленото, и ќе пропушти најголем дел, можеби и целата претстојна сезона. Садику, кој е член на Леванте, каде соиграч му е македонскиот репрезентативец Енис Барди, повредата ја здоби на пријателскиот меч со Херенвен. Лекарските прегледи потврдија дека станува збор за скинати предни вкрстени лигаменти на левото колено, една од најтешките спортски повреди. 
Ова значи дека на Садику му претстои пауза од шест до девет месеци, во зависност од брзината со која ќе се одвива рехабилитацијата. 
Втора година по ред, на Леванте во летниот период на контролен меч нивен играч ги кине лигаментите. Лани жртва беше Роџер, а сега на операција мора да замине Албанецот, кој во Леванте дојде зимоска. Според шпанските медиуми, Леванте планирал да го продаде Садику, но сега тоа е невозможно. 

 

Најнови вести