Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
19.2.2018

Рекорд на Ла Лига: „Кралевите“ ја минаа границата од 6.000 голови

Реал го совлада Бетис во гости по одличниот натпревар (5-3) во Севилја, но стана и прва екипа која постигнала 6.000 гола во шпанското првенство.

Марко Асенсио ги доведе Мадриѓаните во водство, но Бетис направи пресврт со голот на Манди и со автоголот на Начо. Серхио Рамос изедначи на почетокот на вториот дел од играта, а потоа Асенсио постигна уште еден погодок, што беше 6.000 погодок на Реал во Ла Лига.
Кралскиот клуб стана прва екипа која ја премина оваа граница, а неа ја поместија Кристијано Роналдо и Карим Бензема, па сега таа е на 6.002 погодоци во шпанското првенство.
По натпреварот, и Зинедин Зидан, тренерот на Реал, изјави дека признава дека натпреварот бил луд.
„Натпреварот малку беше луд, но тоа ми се допаѓа. Бетис е во фантастична форма и играше многу добро. Ја контролираа играта во последниот половина час од првото полувреме, но јас не сум фокусиран на трите гола што ги примивме, туку на петте што ги постигнавме. Во второто полувреме извршивме силен притисок, добро трчавме, а со квалитетот што го имаме, ако сме во противничкиот дел на теренот, секому ќе му биде многу тешко. Тоа покажува дека имаме карактер. Бевме убедени дека можеме да направиме пресврт на текот на натпреварот, и тоа и го направивме“, изјави Зидан.

 

Најнови вести