Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
29.12.2017

Официјално: Монтела во Севилја, ќе дебитира против Бетис

Винченцо Монтела, неодамнешниот тренер на Милан, најде нов ангажман и во продолжението на сезоната ќе ја води Севилја, потврди клубот од Андалузија.

Италијанскиот стручњак, кој на клупата ќе го наследи Едуардо Беризо, очекува договор на година и пол.
„Монтела денес би требало да потпише раскинување на соработката со Милан, а потоа да допатува во Шпанија и да ја преземе Севилја“, се наведува во соопштението на клубот од „Рамон Санчес Писхуан“.
На Монтела тоа ќе му биде прва работа надвор од Италија, а пред Милан ги водеше Рома, Фиорентина, Сампдорија и Катанија.
По 17 одиграни кола во Ла Лига, Севилја се наоѓа на петтата позиција со 29 бода. Продолжението на натпреварувањето во Шпанија е закажано на шести јануари, а Монтела деби на клупата ќе има против градскиот ривал Бетис.

Најнови вести