Корисничко име Лозинка Пријави се
21.6.2016

Ванјама во Тотенхем за 15 милиони

Фудбалерот на Саутхемптон Виктор Ванјама се наоѓа пред трансфер во Тотенхем за 15 милиони евра, пренесува „Скај Спорт“.

Двата клуба ги договорија условите, а им остана само Ванјама да ги помине медицинските прегледи и официјално да го потпише четиригодишниот договор.
Ванјама игра на позицијата дефанзивен играч за врска, во текот на својата кариера тој настапуваше за белгискиот Бершот и Селтик, пред да дојде во Саутхемптон во јули 2013 година и е првиот фудбалер од Кенија кој заигра во Премиер лигата.
Тој меѓу „светците“  стана еден од клучните играчи, а до сега има запишано 92 настапи и четири голови.
Дресот на репрезентацијата на Кенија ја носеше на 42 настапи и постигна четири голови. 

Најнови вести