Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2013

Тотенхем и Анжи ја договорија висината на оштетата за Вилијан

Судејќи според сè, бразилскиот 25-годишен фудбалер за врска Вилијан кариерата ќе ја продолжи во Тотенхем од Лондон. Руските медиуми наведуваат дека англискиот клуб и Анжи се договорија за оштета во висина од 35 милиони евра.

Според руските медиуми, Тотенхем се согласи на Анжи да му исплати одреден процент од следниот трансфер на Вилијан.
Во Анжи се принудени да ги продадат најскапите играчи поради финансиски проблеми, а во конкуренција за трансфер на Вилијан, покрај Тотенхем, најинтензивно се споменуваа Манчестер сити и Ливерпул.
Вилијан во Анжи стигна во јануари оваа година од украинскиот Шахтар за оштета која се движеше меѓу 35 и 40 милиони евра. Оттогаш Бразилецот во руската Премиер лига постигна три асистенции во четири одиграни средби.

Најнови вести