Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2018

Манчестер сака директна размена на играчи со Челзи

„Црвените ѓаволи“ се обидуваат да го добијат Вилијан

Манчестер Јунајтед не се откажува од идејата да го доведе Вилијан од Челзи. Бразилецот веќе подолго време е на листата на желби на Жозе Мурињо, но засега нема реализација на трансферот. 
„Црвените ѓаволи“ се надеваат дека со директна размена на играчи ќе успеат да го добијат офанзивниот играч за врска. Најтрофејниот англиски клуб предлага кон Лондон на „Стемфорд Бриџ“ да го испрати Антони Марсијал, во замена за Вилијан. 
Челзи во минатото има покажано интерес за Марсијал па затоа сега размената е поверојатно дека и би се реализирала. Мурињо веќе има загубено доверба кај францускиот напаѓач и затоа сака да го продаде или во подобра варијанта да го вметне во трансферот за доведување на бразилскиот репрезентативец.

 

Најнови вести