Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2013

Анжи го отпушти тренерот, ги продава сите најголеми ѕвезди?

Холандскиот тренер Рене Меленстен, поранешниот вработен во фудбалската академија на Манчестер јунајтед, доби отказ од местото тренер на Анжи од Махачкала само 16 дена откако ја доби работата.

На дагестанскиот тим 49-годишниот Холанѓанец му се приклучи на први јули годинава како помошник на Хус Хидинк. Откако славниот тренер поднесе оставка по двете воведни кола од новото првенство, Меленстен го наследи местото – шеф на стручниот штаб.
Неговата промена преку сопствениот Твитер-профил го објави претседателот на управниот одбор на клубот Константин Ремчуков кој исто така најави дека клубот годишниот буџет од 180 ќе го намали на дури 50-70 милиони долари.
Тоа значи дека клубот ќе ја продаде сржта на тимот, оние најквалитетните и најскапите. Самуел Ето, Ласана Дијара, Вилиан, Александар Кокорин, Игор Денисов и Кристофер Самба најверојатно ќе мораат да бараат нови работодавци.
За причините за кратењето на трошоците на клубот засега може само да се погодува. Една теорија зборува дека на ексцентричниот сопственик Сулејман Керимов бизнисот не му оди баш најдобро во последно време. Друга пак дека на Керимов му е доста од неговите размазени ѕвезди кои чинат навистина многу а играат навистина слабо.
Холанѓанецот на клупата ќе го наследи Гаџи Гаџијев.
По воведните четири кола од новата премиерлигашка сезона Анжи сеуште ја очекува првата победа.

Најнови вести