Корисничко име Лозинка Пријави се
02.7.2013

Самба се врати во Анжи

Кристофер Самба, 29-годишниот конгоански фудбалски репрезентативец, се враќа во Анжи од Махачкала само по една сезона помината во Квинс парк ренџерс, за оштета од 12 милиони фунти.

Западнолондонскиот клуб го откупи Самба од Анжи во јануари за 12,5 милиони фунти, а овој централен одбранбен играч потоа потпиша договор на четири и пол години со плата од 100.000 фунти седмично.
Минатата сезона Самба настапи на десет натпревари во сите натпреварувања, но не успеа да му помогне на Квинс парк ренџерс да не испадне во втората лига.
Во Ренџерс се обидуваат да ги намалат трошоците по испаѓањето во вториот ранг на натпреварување, а еден од облиците на штедење е тргање на Самба од платниот список. Пред него, „Лофтус роуд“ ова лето веќе го напуштија Џеј Ботројд и Џибрил Сисе.

Најнови вести