Корисничко име Лозинка Пријави се
13.10.2015

Сисе приведен поради уценување на Валбуена

Поранешниот француски репрезентативец Џибрил Сисе е приведен под обвинение дека учествувал во уценување на Матје Валбуена, играчот на Лион, со видеоснимка од сексуален чин.

Како што пренесува агенцијата „Ројтерс“, покрај Сисе, приведени се уште три лица.
Сисе е обвинет дека е вмешан во обид за изнудување пари од Валбуена, за што е предвидена максимална затворска казна од пет години.
Триесет и четиригодишниот Сисе, чија кариера често беше прекинувана поради повреди, моментно е без ангажман.
Поранешниот голгетер на Оксер, Ливерпул, Марсеј, Лацио и Панатинаикос за Франција настапи на 41 натпревар и постигна девет голови.

Најнови вести