Корисничко име Лозинка Пријави се
21.7.2014

Валбуена потпиша за Динамо Москва

Францускиот фудбалски интернационалец Матје Валбуена направи трансфер од Марсеј во Динамо Москва за седум милиони евра, пренесе руската агенција ИТАР ТАС.

Овој трансфер следуваше по Мундијалот, каде што Франција, благодарение и на придонесот на Валбуена, се пласира во четврт-финалето.
Избраниците на Дидие Дешамп во борбата за полуфиналето изгубија со 1-0 од конечниот победник на Светското првенство – Германија.
Валбуена во Марсеј стигна во 2006 година и со клубот ја освои шампионската титула на Франција во 2010.
Тој со „триколорите“ играше на 38 натпревари и постигна шест голови.
Новата сезона во Русија стартува на први август.

Најнови вести