Корисничко име Лозинка Пријави се
18.3.2016

По уцената Бензема „перел“ и пари од дрога?

Откако едвај ја избегна кривичната одговорност поради уценувањето на репрезентативниот колега Матје Валбуена, Карим Бензема би можел да има нови проблеми со законот.

Како што пренесува парискиот весник „Либерасион“ на насловната страна, напаѓачот на Реал Мадрид ќе биде повикан на ново сослушување поради поврзаноста со организираната група која се занимавала со трговија со дрога и перење на пари.
Бензема по повод овој случај веќе беше во полиција, кога истакна дека загубил многу од вложените пари, но и дека не знаел дека неговата компанија со оваа соработка прави нешто што е илегално.
Проблемите за репрезентативецот на Франција изгледа дека немаат крај, а да биде сè уште полошо за неколку месеци во неговата репрезентација е домаќин на Европското првенство.

Најнови вести