Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2015

Валбуена од Динамо Москва прејде во Лион

Францускиот интернационалец Матје Валбуена, кој минатата сезона играше за Динамо Москва, потпиша за Лион.

Валбуена ќе го носи дресот на Лиот во следните три години, а Динамо за него доби оштета меѓу пет и шест милиони евра, пренесоа француските медиуми.
Триесет и едногодишниот Валбуена играше за Динамо од 2014 година и на 29 средби во сите натпреварувања постигна четири гола. Валбуена во најголемиот дел од кариерата го носеше дресот на Марсеј - од 2006 до 2014 година, кога на 325 натпревари постигна 38 голови.
За француската репрезентација од 2010 година настапи на 48 натпревари и седум пати беше стрелец.

Најнови вести