Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2018

Официјално: Бензема доби конкуренција во Реал

Презентацијата на Маријано е закажана за во петок бидејќи утре Флорентино Перес е зафатен

Доминиканецот Маријано Дијаз ќе го освежи нападот на Реал Мадрид, откако и официјално потпиша петгодишен договор со клубот чиј дрес го носеше во сезоната 2016/17. Маријано во Реал доаѓа од Лион, каде што даде 21 гол, од кои 18 во француската лига. Ова е негово враќање во белиот дрес по 14 месеци, но сега е многу позрел како напаѓач и може да му биде конкуренција на Карим Бензема, кој девет години е главен во нападот. 
Претставувањето на Маријано како нов член на Реал ќе се случи во петок, бидејќи утре претседателот Флорентино Перес ќе биде во Монте Карло, на гала-церемонијата на доделување на наградите за најдобрите во минатата сезона и ждрепката за Лигата на шампиони. 
Не се знае дали Маријано ќе го добие дресот со бројот 7, кој во Реал има посебно значење, бидејќи го носеа неколку легенди како Хуанито, Бутрагењо, Раул и Кристијано Роналдо. 
Европскиот првак со враќањето на Маријано, ја продолжува традицијата да враќа свои „деца“. Камбек во клубот по позајмица или трансфер имаа и Карвахал, Валјехо, Каземиро, Асенсио, Лукас Васкез и Љоренте, кои се актуелни членови. 

 

Најнови вести