Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2018

Меси е магичен кога на стартот погодува, Барселона Лига на шампиони освојува

Лионел Меси повторно беше во свој елемент, голгетерски расположен на премиерниот дуел на Барселона во новото издание на шпанската Ла Лига, а тоа ветува бериќет за гигантот од Каталонија

Со два гола против Алавес, Лионел Меси почнува ново издание во една од најсилните лиги на светот, шпанската Ла Лига, а тоа се одлични вести за навивачите на Барселона. Кога аргентинскиот фудбалски ас давал барем по еден гол во премиерен меч во шпанското првенство, Барселона секогаш ја освојувала и домашната титула и онаа најценетата клупска во Лигата на шампионите.
Петкратниот европски првак, откако Меси е во првиот состав, има три европски круни, во сезоните 2008-09, 2010-11 и 2014-15 и секогаш патот до тронот на Стариот континент го најавуваше Аргентинецот со гол(ови) во првиот меч од шпанскиот шампионат. Против Алавес даде два, па ако продолжи традицијата навивачите на Барселона можат да се надеваат на шести трофеј во Лигата на шампионите.

 

Најнови вести