Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2018

Меси е на прагот да испише историја во дресот на Барселона

Аргентинскиот виртуоз вечерва ќе биде капитен на дуелот против Севилја во Суперкупот на Шпанија

Лионел Меси конечно дочека да биде прв капитен на Барселона. Аргентинскиот виртуоз вечерва ќе го предводе каталонскиот клуб во борба за трофејот во Суперкупот на Шпанија против Севилја. За разлика од претходните години кога се играа два меча, овојпат освојувачот на Суперкупот ќе биде познат по еден одигран дуел и тоа на неутрален терен. Мечот ќе се игра во Мароко. 
Освен тоа што има мотив да го освои трофејот и да биде прв што ќе го подигне, Меси може да влезе во историјата на Барселона. Се очекува вечерва тој да стане најтрофејниот играч во историјата на Барселона,
Меси досега има освоено 32 трофеи во сите натпреварувања во Барселона. Исто толку има и Андрес Иниеста, но Иниеста летово си замина од клубот, па сега останува Меси да остане единствен како најтрофеен. 
Досега Меси се има радувано на девет титули во Примера дивисион, шест пати во Купот на Кралот, 4 во Лигата на шампионите, три пати на Светското клупско првенство, три пати во Суперкупот на Европа и седум пати во Суперкупот на Шпанија. Истите овие трофеи ги има и Иниеста, но тој веќе не е дел од тимот од „Камп Ноу“. 
Мечот во Суперкупот на Шпанија меѓу Барселона и Севилја се игра вечерва од 22 часот. Каталонскиот гигант е фаворит со коефициент 1.56, за реми се дава квота 4.50, додека „двојката“ на Севилја е со коефициент 5.45.

 

Најнови вести