Корисничко име Лозинка Пријави се
04.12.2013

Валбуена го повреди рамото, ќе отсуствува шест седмици

Освен што Марсеј изгуби во продолжението на дерби-средбата од 16-тото коло на францускиот шампионат од Лил (1-0), остана и без стандардниот првотимец Матје Валбуена.

Во завршната фаза од натпреварот францускиот репрезентативен играч за врска се судри со Данецот Симон Кјер и притоа го повреди раменото. Дваесет и деветгодишниот Валбуена веднаш мораше да го напушти теренот, а првите информации од клубот зборуваат дека повредата воопштои не е безопасна.
Фудбалерот кој оваа сезона постигна еден погодок во шеснаесет првенствени настапи ќе пора да паузира меѓу четири и шест седмици и за него заврши оваа календарска година.

Најнови вести