Корисничко име Лозинка Пријави се
17.9.2014

Валбуена опериран од слепо црево

Францускиот фудбалер Матје Валбуена ќе пропушти најмалку два натпревари на Динамо од Москва откако успешно му беше извршена операција на слепото црево.

Гуран Аджоев, спортскиот директор на клубот од Москва, изјави дека Валбуена во понеделникот почувствувал силни болки и дека потоа итно бил префрлен во болница, каде што успешно му била извршена операција на слепото црево.
„Валбуена и понатаму е во болница. Тешко е да се предвиди времето кое ќе биде потребно за закрепнување, но сигурно е дека ќе ги пропушти следните два натпревари“, изјави Аджоев. Динамо наредниот натпревар го игра утре, кога во Атина гостува кај Панатинаикос во првото коло на Лигата на Европа.
Дваесет и деветгодишниот Валбуена минатиот месец дојде во Динамо и досега одигра осум натпревари и постигна два гола, а имаше и неколку асистенции.


Најнови вести