Корисничко име Лозинка Пријави се
04.11.2015

Приведен и Бензема, и тој вмешан во уцената на Валбуена

Центарфорот на Реал Мадрид и француската репрезентација, Карим Бензема, е приведен поради наводна вмешаност во уценувањето на својот колега од националниот дрес Матје Валбуена.

Во средината на октомври во медиумите се појави вест дека неколку личности го уценувале играчот на Олимпик Лион со пуштање на секс снимка, а меѓу приведените се најде и Џибрил Сисе.
Поранешниот француски интернационалец бил приведен на информативен разговор на 13-ти октомври, а по неколку денови следел и претрес во неговиот дом. Бил пуштен истиот ден и негирал било каква вмешаност.
Како што пренесува АФП, Бензема пред нешто помалку од десет часови бил приведен поради истиот случај, после што му е одреден притвор во полициската станица во Версај.
Обвинителот соопштил дека двајцата биле приведени поради наводно уценување и обид да изнудат пари од Валбуена, а во соопштението се наведува дека потенцијалната казна затвор е 5 години.
Од друга страна, како што пренесува „Ле Паризиен", Бензема станал предмет на истрага на 15-ти октомври, откако неговото име се појавило на снимките во споменатиот случај до кои дошла полицијата.

Најнови вести