Корисничко име Лозинка Пријави се
13.5.2016

Дешамп го објави списокот, без Бен Арфа и Лаказет

Селекторот на репрезентацијата на Франција Дидие Дешамп го објави списокот на играчи на кои смета за претстојното Европско првенство.

На списокот на Дешамп се наоѓаат 23 играчи, но го изостави крилниот напаѓач на Ница, Бен Арфа, кој на 33 првенствени натпревари постигна 17 голови.
Европското првенство во Франција ќе го пропушти и напаѓачот на Реал Мадрид Карим Бензема кој Сојузот го суспендираше поради спорот со Матје Валбуена, кој исто така не е на списокот поради лошата сезона во Лион.
На списокот го нема ниту одличниот напаѓач на Олимпик од Лион, Александр Лаказет.
Европското првенство во Франција ќе се одржи од 10-ти јуни до 10-ти јули.
Списокот на репрезентацијата на Франција за Европското првенство:
Голмани: Уго Лорис (Тотенхем), Стив Манданда (Олимпик Марсеј), Беноа Костил (Рен).
Одбрана: Рафаел Варан (Реал Мадрид), Лоран Косељни (Арсенал), Елијаким Мангала, Бакари Сања (Манчестер сити), Жереми Матје (Барселона), Патрис Евра (Јувентус), Лукас Дињ (Рома) и Кристоф Жале (Лион).
Средината на теренот: Пол Погба (Јувентус), Блез Матуиди (ПСЖ), Ласана Дијара (Олимпик Марсеј), Нголо Канте (Лестер), Јоан Кабај (Кристал Палас), Муса Сисоко (Њукасл).
Нпаѓачи: Антоан Гриезман (Атлетико Мадрид), Димитри Пеје (Вест хем), Антони Мартијал (Манчестер јунајтед), Кингсли Коман (Баерн Минхен), Оливир Жиру (Арсенал), Андре-Пјер Жињак (УАНИЛ Тигрес).

Најнови вести