Корисничко име Лозинка Пријави се
14.4.2016

Бензема нема да игра за Франција на ЕВРО

Напаѓачот на Реал Карим Бензема нема биде во составот на француската репрезентација на Европското првенство во татковината одлучи Фудбалската федерација на Франција.

Бензема во моментов се наоѓа под истрага поради обвинение дека е вмешан во уценување на соиграчот од репрезентацијата Матје Валбуена.
Токму поради тоа, Бензема, од декември е суспендиран од националниот тим, а сега Фудбалската федерација објави дека нема да биде во конкуренција за ЕВРО.
Бензема, кој ги негира сите обвинувања, истакна дека му е жал поради таквата одлука, како за себе, така и за оние кои го поддржуваат.
Минатиот месец беа укинати одредени правни забрани, па 28-годишниот фудбалер доби зелено светло да го контактира Валбуена. Многумина помислија дека тоа значи дека би можел да се врати во репрезентацијата, но тоа нема да се случи.
Фудбалската федерација на Франција, која имала увид во списите од сослушувањето, објави дека при донесувањето на одлуката во обѕир е земена и можноста фудбалерите да поработат на единството, како и дека игрите на теренот се битни, но не се од пресудно значење.
Претседателот на Федерацијата Ноел ла Гре и селекторот на Франција Дидие Дешамп беа тие кои одлучија Бензема дефинитивно да не се најде во тимот.
Бензема по пат на видео на својот ФБ профил ги молеше оние кои одлучуваат да го вратат во репрезентацијата, но тоа очигледно не донесе позитивен резултат. Пред самата одлука, францускиот фудбалер напиша: „Што и да се случи... Еднаш син, секогаш син“.

Најнови вести