Корисничко име Лозинка Пријави се
06.7.2017

Камени, Валбуена и Дирар во Фенербахче

Камерунскиот голман Карлос Камени ја напушти Малага и прејде во Фенербахче, соопштено е на официјалниот сајт на шпанскиот прволигаш.

Триесет и тригодишниот голман во Малага дојде во 2012 година по осум сезони во Еспањол, а минатата сезона одигра 35 натпревари и прими 46 голови со 91 одбрана.
Пред Камени турскиот прволигаш ги ангажираше меѓу другите Матју Валбуена од Лион и Набил Дирар од Монако.
Малага брзо реагираше и на местото на Камени го ангажираше Роберто Хименес. Триесет и едногодишниот голман дојде на позајмица од Еспањол.

Најнови вести