Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2013

Почна распродажбата на Анжи, продадени Денисов, Жирков и Кокорин

Според руските медиуми почната е распродажбата на најдобрите и најплатените фудбалери на тамошниот фудбалски клуб Анжи од Махачкала.

Игор денисов, Јури Жиркови и Александар Кокорин се продадени на Динамо Москва, а последниот споменат играч во Анжи стигна пред само месец дена, баш од Динамо! Причината поради која рускиот милијардер Сулејман Керимов ги распродава своите најдобри играчи и поради која го намали клупскиот буџет од 180 на само 60 милиони долари не е позната.
Вчера по само 16 дена откако ја доби работата беше отпуштен холандскиот тренер Рене  Меленстен, кој не успеа да запише ниту една победа на клупата на Анжи. Него, пак, го наследи Гаџи Гаџијев. 

Најнови вести